Успешен настап на ученици на меѓународен џудо натпревар

Суперџудо медалисти

Со особено задоволство известуваме дека двајца ученици од ООУ „Вера Циривири Трена“, кои се членови на Џудо клуб СУПЕРЏУДО Скопје:

Лука Настовски – III-А одделение
Стефан Вељјаноски – III-А одделение

учествуваа на меѓународниот џудо натпревар „Sakura Cup – Katerini 2026“, одржан во Катерини, Република Грција.

Во силна меѓународна конкуренција, Лука и Стефан имаа одличен настап, покажувајќи голема борбеност, желба за победа, дисциплина и тимски дух. Како резултат на нивниот труд и посветеност, двајцата го освоија третото место и бронзен медал во својата возрасна категорија U8.

Особено сме горди што преку своето учество и спортско однесување тие достојно ги претставија СУПЕРЏУДО Скопје, нашето училиште и нашата држава на еден меѓународен спортски настан.

Веруваме дека ваквите успеси се значајни не само поради освоените медали, туку и поради вредностите што децата ги развиваат преку спортот – дисциплина, истрајност, почитување, самодоверба, другарство и фер-плеј.

Им честитаме на Лука и Стефан за освоените бронзени медали и им посакуваме уште многу спортски успеси!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.