Топло Добродојде во нашето училишно семејство
Денес е посебен ден – ден што сите ние ќе го паметиме. За дечињата, ова е првиот чекор во едно големо и возбудливо патување наречено „учење“. За родителите ова е уште еден важен момент кога со гордост ги гледаат своите деца како растат и се развиваат.
Како нивни наставници во прво одделение имаме чест и одговорност да бидеме нивни водичи, поддршка и пријатели во овој нов свет. Ќе учиме за буквите, бројките, природата… но уште поважно, ќе учиме како да бидеме добри другари, како да помагаме, да споделуваме и да растеме заедно со отворено срце.
На сите нас ни претстои нов почеток – полн со смеа, љубопитност и многу успеси. Им посакуваме од срце оваа учебна година да биде исполнета со разбирање, трпение и искрена соработка. Заедно – родители, ученици и наставници – можеме да создадеме средина каде секое дете ќе се чувствува сигурно, сакано и мотивирано.
Од денес, нашето училиште е и нивен втор дом.
Да ни е среќна и успешна новата учебна година.





Поврзани содржини