По повод одбележување на Светскиот ден на наставникот 5ти октомври денес општина Карпош организираше свечена манифестација во општинската зграда каде присуствуваа наставници, стручни соработници и директори на основните училишта од општината.
Горди сме да претставиме дека во склоп на манифестацијата, од нашето училиште наставник ментор Дивна Карапанчева се стекна со благодарница за нејзиниот особен придонес во воспитно – образовната работа во училиштата и афирмација на општина Карпош.
Нека е честит и радосен Денот на наставниците!