Празнична магија во стаклената градина 24 12 2025

Празнична магија во стаклената градина

Претпоследната сабота од оваа година, 25 млади креативци од општина Карпош предводени од наставник – ментор Дивна Карапанчева ја исполнија нашата стаклена градина со идеи и празничен дух. Следејќи ја новогодишната магија кон стаклената градина, КЦК организираше работилница за ученици од повеќето училишта од општината. Работилницата започна со креирање на свои екосистеми во стаклени тегли односно терариуми кои беа новогодишно декорирани.
Во продолжение на новогодишната атмосфера, учениците направија различни новогодишни изработки од шишарки и рециклиран материјал преку кои ја покажаа својата креативност. Потоа ги анализираа житните саксии кои ги имаа засадено пред 10тина дена кои сега ги декорираа. Секој од учениците си замина со прекрасни впечатоци, сопствен терариум и лично креирани новогодишни украси.
Со оваа работилница ја заокружуваме успешната година во стаклената градина. Им посакуваме среќни празници на сите ученици и ви ветуваме уште многу иновативни дружби во новата година!

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе