Светски ден на лицата со Даунов синдром
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, нашите ученици, образовни асистенти и специјалниот едукатор и рехабилитатор реализираа креативни активности со цел подигнување на свеста, потикнување емпатија и прифаќање на различностите. Учениците со голема радост изработуваа беџови, шарени цветови и чорапи симболизирајќи љубов, поддршка и еднаквост.
СЕКОЈ Е ВРЕДЕН, ПОСЕБЕН И ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ПРИФАТЕН ТОКМУ ТАКОВ КАКОВ ШТО Е.







Поврзани содржини