Како да поттикнеме соработка со децата (6)

Како да поттикнеме соработка со децата

Синоќа (26 Март 2026 г.) се одржа практична бесплатна работилница за родителите од ООУ „Вера Циривири-Трена“ на тема:

„Како да поттикнеме соработка со децата: практични алатки за родители“ 👨‍👩‍👧‍👦✨

Работилницата ја водеа искусни, сертифицирани едукатори: Елена Граматикова, семеен и системски советник, и д-р Соња Китановска-Кимовска, универзитетски професор и автор на книгата „Разбуди го родителот во себе“ 📚🌿

Присутните родители имаа можност да споделат секојдневни ситуации и предизвици во воспитувањето и да добијат насоки за справување со нив преку применливи алатки од позитивна дисциплина 🤝💡

Училиштето продолжува со унапредување на воспитниот процес преку поддршка и едукација на родителите 👏🏫😊

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе