Читањето е супермоќ
📚✨ На 28.5.2026 г.во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се одржа литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ во организација на „Арс Ламина“! 💫
На настанот беа наградени учениците – „суперчитатели“ 📖, кои во текот на учебната 2025/2026 година покажаа љубов кон книгите, континуирани читачки навики и особен интерес за литературата. Награди добија и нивните ментори.
🏆🎯📚Кала Станкова од 9б одд. беше прогласена за “Ѕвезда на читањето”, со прочитани над 20 книги во оваа учебна година.🏆
📚Ментор: м-р Матилда Бајкова
Програмата беше исполнета со музика, хорски изведби, оркестри и сценски настапи подготвени од учениците, кои создадоа прекрасна атмосфера и уште еднаш потсетија дека читањето навистина е супермоќ. 🎶❤️







Поврзани содржини