Зоо бон-тон

Учениците од VIIa одделение заедно со својот одделенски раководител Александра Чочевска и училиштниот психолог Николина Мицковска ја посетија Зоолошката градина и со својата креативност придонесоа со изработка на едукативни цртежи за зоо бон-тон. 🌍🐾

Преку оваа активност учениците покажаа дека секој мал чекор е важен кога станува збор за заштита на природата и грижата за животните. Со многу љубов и внимание тие донираа и подароци за животните, испраќајќи порака за хуманост, емпатија и одговорност ❤️

Горди сме што нашите ученици учат како со добрина, емпатија и грижа можат да направат позитивна промена во светот 🥰

 

Vera Ciriviri Logo 200, 06-08-2025
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе