Доделени решенија за награди од мината учебна година - ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“
Доделени решенија за награди од мината учебна година 30 12 2025

Доделени решенија за награди од мината учебна година

На 29.12.2025 год. Наши ученици и наставници ментори беа примени од градоначалникот Сотир Лукровски и вработените и одговорни од одделението за образование од Општина Карпош и им беа доделени решенија за награди од мината учебна година.
Првонаградените по разни предмети беа потврда дека Карпош има квалитет и меѓу учениците и меѓу наставниците.
Александра Димитрова со менторот Кристина Николовска по предметот англиски.
м-р Матилда Бајкова со ученик од училиштето Коменски, во кое минатата година дополнуваше часови, Михаил Јачовски, македонски јазик (рецитаторски државен натпревар), како и Слаѓана Чекичевска која е од ООУ “Аврам Писевски” дополнува часови во ООУ “Вера Ц. Трена”, со Нела Манческа, музичко образование. Сите тројца добитници се воедно и стипендисти на општината. Им посакуваме успех а на менторите уште многу вакви солидни ученици во иднина.

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе