Украсуваме и садиме денес, за позелено утре - ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“
Украсуваме и садиме денес за позелено утре 30 12 2025

Украсуваме и садиме денес, за позелено утре

Во празничен дух и со многу креативна енергија, нашето училиште се вклучи во еко-проектот „Украсуваме и садиме денес, за позелено утре“, реализиран од Градинарскиот центар Фоја.
Учениците создаваа новогодишни украси од природни и рециклирачки материјали, покажувајќи дека грижата за природата и празничната магија одат заедно. Со нивните изработки беше украсена новогодишна елка, донација од организаторите на проектот.
Како поттик за нивниот труд, најкреативните ученици добија мали природни елки кои ќе ги засадат во своите домови, каде ќе продолжат да растат и да ја разубавуваат околината.
Нашето училиште дополнително ќе добие 15 дрворедни садници, со што училишниот двор ќе стане уште позелен и попријатен простор за сите.
Заедно учиме како денес да создаваме поубаво и позелено утре

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе