Хуманитарците на Вера Циривири Трена - ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“

Хуманитарците на Вера Циривири Трена

Хуманитарците на Вера Циривири Трена 15 12 2025

Хуманитарците на Вера Циривири Трена

Учениците од 7мо одделение предводени од наставник – ментор Дивна Карапанчева оваа недела беа вклучени во општествено хуманитарна работа. Со цел споделување на својата хуманост, учениците ја одбраа организацијата за згрижување на кучиња Лајка во Скопје. Во текот на неделата учениците собираа донации вклучувајќи топли ќебиња, перници, облека, играчки и храна за кучињата. Дополнително, учениците ја покажаа својата креативност преку изработени декорации за стационарот со пораки за кучињата, покажувајќи ја нивната љубов и грижа кон кучињата.

Учениците заедно со своите родители, наставничката Дивна и класната Александра оваа сабота беа во посета на стационарот каде беа пречекани од страна на вработените одговорни лица. Тие беа запознаени со работата и грижата за кучињата вклучувајќи го процесот на заловување, карантински период на прегледи на кучињата, лекување и вдомување. Ветеринарите ја покажаа и болницата за кучиња каде учениците влегоа во операционите сали и беа запознаени со процесот на лекување по што ги посетија кучињата кои оздравуваат. Потоа учениците го посетија одделот каде беа сместени 50 кучиња подготвени за вдомување. За овие неколку часа учениците беа активно вклучени во грижата за животните по што заедно дружеа со кучињата.

Нашите ученици сочуствувајќи со кучињата апелираат и вие да бидете хумани и да вдомите куче!

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе