Работилница: “Имам права” 4 а одд
Повод за денешната посета на Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските евреи во Скопје беше работилницата поврзана со детските права од Конвенцијата за детските права, конкретно членот во кој се зборува за деца жртви на војна и прекршување на детските права за време на војни. 👧🧒✨
Учениците од 4 а одд. од нашето училиште ова го изучуваат како дел од наставната содржина по изборниот предмет „Имам права“.
Тие, заедно со предметниот наставник м-р Матилда Бајкова, а во соработка со едукаторот од Меморијалниот центар м-р Жаклина Мучева, ја осмислија и реализираа работилницата во која учениците се запознаа со детските права од поинаков агол. 📚🕊️
Најпрво погледнаа дел од поставката во Меморијалниот центар, поврзана со историјата на евреите и присуството на македонските евреи во Македонија и Скопје, а потоа се доближија до темата на работилницата – децата и нивните права за време на војна. 🕯️
Искуството беше несекојдневно за нив и навистина охрабрувачко за понатамошно развивање и реализација на вакви и слични работилници.
Благодарност до волонтерите – родители Васка Митровска и Надире Реџепи за поддршката и помошта во реализирање на оваа активност. 🙏💛







Поврзани содржини