Како да поттикнеме соработка со децата
Синоќа (26 Март 2026 г.) се одржа практична бесплатна работилница за родителите од ООУ „Вера Циривири-Трена“ на тема:
„Како да поттикнеме соработка со децата: практични алатки за родители“ 👨👩👧👦✨
Работилницата ја водеа искусни, сертифицирани едукатори: Елена Граматикова, семеен и системски советник, и д-р Соња Китановска-Кимовска, универзитетски професор и автор на книгата „Разбуди го родителот во себе“ 📚🌿
Присутните родители имаа можност да споделат секојдневни ситуации и предизвици во воспитувањето и да добијат насоки за справување со нив преку применливи алатки од позитивна дисциплина 🤝💡
Училиштето продолжува со унапредување на воспитниот процес преку поддршка и едукација на родителите 👏🏫😊







Поврзани содржини