Едукативни работилници 2а и 2б одд, 11-03-2026 - слика 1

Едукативни работилници 2а и 2б одд

На 26 февруари во нашето училиште се одржаа едукативни работилници со учениците од 2а и 2б одделение, во рамки на проектот Cutting Carbon реализиран од Еко Логик во соработка со Општина Карпош.

Преку интерактивни разговори учениците имаа можност да научат што е клима и што значат климатските промени, зошто дрвјата се нашите тивки херои и како тие придонесуваат за почист воздух, регулирање на температурата и поздраво животно опкружување. Посебен акцент беше ставен на почвата – темелот на секој раст, дом на безброј живи организми и клучен ресурс за целиот екосистем.

Благодарност до тимот на Еко Логик за интересната и инспиративна едукативна активност која ги поттикна нашите ученици да размислуваат за заштитата на животната средина

Vera Ciriviri Logo 200, 06-08-2025
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе