„Карпош има талент“ ги избра своите победници – нашето училиште со двоен успех!!!

Карпош има талент 07 11 2025

„Карпош има талент“ ги избра своите победници – нашето училиште со двоен успех!!!

Со интересен театарски и музичко танцувачки перформанс учениците од нашето училиште учествуваа на традиционалната манифестација ,,Карпош има талент”, денеска се представивме и како таленти во изведба но и во литературно творење. Учествувавме и во изработка на кратко метражен филм посветен на општината Карпош видена од детскиот објектив, иако за него не добивме награда,но го сработивме со голема љубов.
Пред многубројната публика, преполната сала во киното ,,Cineplexx”, каде одекнуваа воздишките и силно се чувствуваа емоциите, нашите ученици направија вистинско детско шоу.
Во него тие го покажаа својот раскошен талент, презентирајќи ги своите уметнички перформанси како актери, пејачи и танцувачки способности. Оваа година, манифестацијата имаше интернационална тематика, па така сите училишта претставуваа по една држава. Нашиот тим го пренесе традиционалниот грчки звук, дел од познатите ликови од грчката митологија претопени со актерски перформанс.
Костимите беа изработени од рециклирани материјали.
Се закитивме со второ место.
Ментори: Пепи Стефановска, Маја Чинго, Дивна Карапанчева

Во рамки на ,,Карпош има талент” , беа доделени и награди за најдобра литературна творба на тема ,,За мојата општина”.
Прво место на литературниот конкурс доби:Ангела Стојаноска од 9 б одд.
Ментор: м-р Матилда Бајкова
Општината Карпош обезбеди и финансиска за наградените.
Честитки!!!