Одбележување на Недела на борба против ракот
По повод Неделата на борба против ракот која се одбележува од 1 до 8 Март, во нашето училиште беше реализирана едукативна активност со цел подигнување на свеста за важноста на превенцијата и здравите животни навики.
На 9 Март се одржа едукативно предавање на кое учениците имаа можност да се запознаат со најчестите фактори на ризик, значењето на раната детекција, како и со начини за превенција и зачувување на здравјето. Активноста беше реализирана од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева и предметен наставник по Македонски јазик Ана Кралевска заедно со учениците од VIIIа и VIIIб одделение.
Со ваквите активности се поттикнува свеста кај младите за важноста на превенцијата, здравиот начин на живот и грижата за сопственото здравје, бидејќи навремената информираност и превентивните мерки можат да спасат многу животи.






Поврзани содржини