Работилница - ЕКО - ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“
Работилница ЕКО 03 03 2026

Работилница – ЕКО

На 10.02.2026 год се одржа еко работилница  со 7 а и б и ученици од географската секција од 9 одд.

Под мотото „РЕЦИКЛИРАМЕ-РЕУПОТРЕБУВАМЕ И ПРОИЗВЕДУВАМЕ“.Идејата потекнува од нашите ученици, а во проектот учествува целото училиште со повеќе собирни акции на искористени стари фломастери, и искористени пластични шишенца со прскалки.

Во нашето училиште повеќепати  одржуваме вакви работилници и како производ  добиваме алкохолни боички, со што можеме да произведеме шарени хартии со кои ги декорираме проекти кои ги красат нашите училници.

Воедно, сакаме да им заблагодариме на сите наставници и ученици кои ја подржаа оваа работилница.

Предметен наставник по географија: Ленка Ѓоргоска

Работилница ЕКО 03 03 2026 (2)

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе