Успешно реализиран уште еден семинар – со учество на наш наставник!

Успешно реализиран уште еден семинар со учество на наш наставник 03 11 2025

Успешно реализиран уште еден семинар – со учество на наш наставник!

Во Солун, Република Грција од 31.10-2.11.2025 год. се одржа семинар со наслов “ХОЛОКАУСТОТ КАКО ПОЈДОВНА ТОЧКА” – напредна обука во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Memorial de la Shoah од Франција.
Семинарот го следеа 30 професори од Македонија и Грција, кои предаваат историја, јазици, литература или граѓанско во основни и средни училишта во земјите од каде доаѓаат.
Семинарот траеше три денови во кои професорите имаа можност да стекнат нови знаења, алатки и практики за имплементација на холокауст едукацијата во училиштата и воедно ќе имаат можност за вмрежување, за размена на искуства и соработка при изработка на проекти за холокаустот.
Освен практични работилници, учесниците слушаа предавања за антисемитизмот некогаш и денес, холокаустот во Македонија и Грција, правилно разбирање и користење на терминологијата за масовни злосторства, за Граѓанската војна во Грција, а имаа можност да посетат важни места во Солун, поврзани со животот на Евреите пред Втората светска војна.
Семинарот беше поддржан од Министерството за образование со Бирото за развој на образованието од Р. Северна Македонија и Министерството за образование, истражување и религии на Грција.
На семинарот присуствуваше проф.м- р Матилда Бајкова, која до следниот семинар ќе работи во работна група со колеги од Грција, експерти по прашања за Холокаустот од Memorial De La Shoah -Франција, и експерти за педагошко поврзување на прашањата од Холокаустот со програмата во основното образование.