Државен натпревар по Биологија

vera predna

Државен натпревар по Биологија

Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 31 мај 2025 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2024/25 година на државно ниво. Натпреварите беа организирани на ПМФ со физичко присуство Учениците го завршија државниот натпревар со следниот успех:

Антонија Лола Ефремова (7 одделение) – I награда
Тамара Нестороска (7 одделение) – II награда
Александра Димитрова (8 одделение) – II награда
Дариа Ева Вон Дер Форст (8 одделение) – III награда
Оливија Софеска (7 одделение) – Учество

Честитки за прекрасните успеси на нашите вредни ученици