Нашите математичари – бронзени олимпијци
Нашите ученици Матеј Сиваков и Дарјан Мирчевски од 9б одделение, се закитија со бронзен медал за нивниот успех на 29-та Јуниорска македонска математичка олимпијада (ЈММО), која се оддржа на 18.05.2025 година. Свеченото доделување на медалите беше во организација на Сојузот на математичари на Македонија, во просториите на Природно-математички факултет во Скопје. Оваа Олимпијада се организира уште од 1997 година за учениците помлади од 15,5 години, а начинот на организација на ЈММО е сличен на организацијата на ЈБМО, со тоа што најчесто се задаваат по пет задачи. На истата учествуваат најдобро рангираните ученици од претходните државни натпревари по математика, за што постојат прецизни критериуми содржани во Правилникот за организација на ЈММО. На нашите математичари им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!







Поврзани содржини