Category Archives: Активности
Соработка со родителите
Како плод на одличната соработка со родителите, денес на 14.02.2024 година учениците од IVб одделение ја посетија фабриката ЖИТО ЛУКС. При тоа се запознаа со процесот и технологијата на производство на леб – од замесување тесто до готов производ. Учениците воедно дегустираа топло парче леб и го оценија неговиот квалитет. Со ова ги продлабочија стекнатите знаења за стопански дејности и нивната поврзаност. За крај добија скромни подароци од домаќините.
Взаемната соработка продолжува.





Проектот ,,Заживување на францускиот јазик во Република Македонија“
Нашето училиште ,,Вера Циривири-Трена“ е едно од неколку училишта во Македонија кое е во проектот ,,Заживување на францускиот јазик во Република Македонија“. Љубовта кон францускиот јазик наречен ,крал на јазиците“ отсекогаш постоела и се одржувала кај учениците од нашето училиште
Учениците од Vа и Vб одделение, под раководство на одделенските наставнички Маја Чинго и Сузана Аспровска се вклучени во проектот и во текот на изучувањето постигнуваат завиден успех. На 30.1.2024 година одржаа работилница под раководство на наставничката по француски јазик Александра Ристовска на тема ,,Главните француски откритија во новото време“. Со голема заинтересираност, љубопитство и ентузијазам учениците ги продлабочија своите знаења од областа на културата, природните науки, медицината, техниката. Работилницата која беше интерактивна беше проследена со голем интерес од страна на учениците а и од нас присутните. Се надеваме дека во иднина ќе продолжат овие интересни работилници со цел продлабочување на знаењата и внесување на љубов кон францускиот јазик кај учениците.



Општински натпревар по математика
Резултати од општински натпревар по математика одржан на 2.02.2024година
Име и презиме | Одд | Ментор | Награди |
Милан Димковски | 4 | Анита Петровска | (2 награда) |
Марко Цоковски | 4 | Анита Петровска | (пофалница) |
Виктор Ѓорѓиевски | 4 | Ана Видоевска -Динева | (2 награда) |
Димитар Спасов | 5 | Сузана Аспровска | (2 награда) |
Матеј Маневски | 5 | Сузана Аспровска | (пофалница) |
Арсениј Манов | 5 | Маја Чинго | (3 награда) |
Марта Доновска | 5 | Маја Чинго | (3 награда) |
Андреј Богоевски | 5 | Маја Чинго | (2 награда) |
Дарјан Докузовски | 5 | Маја Чинго | (3 награда) |
Јана Ставревска | 5 | Маја Чинго | (1 награда) |
Весна Филиповска | 5 | Маја Чинго | (2 награда) |
Дамјан Сиваков | 6 | Јасмина Сретеноска | (2 награда) |
Тамара Нестороска | 6 | Јасмина Сретеноска | (1 награда) |
Меланија Симјаноска | 7 | Гордана Ѓорѓиевска | (3 награда) |
Александра Димитрова | 7 | Гордана Ѓорѓиевска | (3 награда) |
Матеј Сиваков | 7 | Гордана Ѓорѓиевска | (1 награда) |
Матеа Мирческа | 8 | Јасмина Сретеноска | (2 награда) |
Стефан Кимовски | 9 | Гордана Ѓорѓиевска | (пофалница) |
Нина Пандова | 9 | Гордана Ѓорѓиевска | (пофалница) |




Пофалени ученици од Наставнички совет за прво полугодие 2023-2024
- Антонија Лола 6а
- Јана Андреевска 6б
- Александра Димитрова 7а
- Матеј Сиваков 7б
- Ангела Стојановска 7б
- Калина Добреска 8а
- Михаил Георгиев 8а
- Андреа Паскалова 9б
- Зои Голчева 4в
- Марио Ефремов 4в
- Милан Димковски 4а
- Калина Крстевска 4а
- Вук Периќ 4б
- Симона Крстевска 4б
- Јана Ставревска 5а
- Арсениј Манов 5а
Ја испраќаме старата година
Работилница Стаклена градина
На 23 декември домаќин на работилница беше токму нашата Стаклена градина со ученици од повеќе училишта од општина Карпош. Организирана од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева, заедно со КЦК и учениците од биолошката секција на нашето училиште, учениците имаа можност да научат повеќе за историјата на стаклените градини, да се запознаат со најпознатите стаклени градини како и да ја слушнат приказната за нашата стаклена градина. Учениците имаа можност да се дел од различни активности како правење мини стаклени градини од рециклиран материјал и правење на терариум, додека паралелно во предновогодишна атмосфера учениците беа дел од активностите на правење новогодишни украси од природни материјали и лампиони ирваси од шишарки, како и новогодишни икебани и садење на божиќна пченица. Со оваа работилница ја затворивме сезоната 2023та на учење преку пракса во нашата стаклена градина, и најавуваме уште повеќе разновидни работилници во новата 2024 година.




Новинарскиот клуб со нови средби
На 20.12 на средба со членовите на Новинарскиот клуб “Студио на Новинарските ѕвезди” овојпат гостуваше Сребра Ѓорѓиевска, долгогодишен новинар и еден од креаторите на порталот УМНО.мк. Таа ја водеше работилницата “Портали”! Со членовите од нашиот клуб зборуваше, за тоа што претставува е порталот, за новинарската професија во 21- век, како се прави, и уште многу прашања кои љубопитните новинарчиња од клубот структурирано и ги поставуваа.Нашата гостинка ги запозна, упати и им даде основни технички информации и насоки за поимите, техниките и некои од Новинарските тајни. Работилницата имаше и интерактивен карактер каде младите новинари учеа како да состават вест и осврт. Со оваа активност, која е последна од оваа календарска година, ви посакуваме, поубави вести во Новата 2024, убави празнични денови. А, ние ви се јавуваме веќе во Јануари со нови и интересни содржини. Следете ја следната активност на Новинарскиот клуб”Студио на новинарски ѕвезди”!




Уште една успешна активност на Новинарскиот клуб
Членови од Новинарскиот клуб “Студио на новинарски ѕвезди” денеска на вистински поткаст!
Да видиш насмевка на лицата на дечињата, е благослов кој ретко кој го доживува, имам голема среќа,✨🪄денеска денот беше токму таков, среќен, насмеан,весел,едукативен, распеан,сончев.Полн со насмевки и спомени кои ќе останат!🌻🌟🌞
Дел од членовите на Новинарскиот клуб на покана од Јуроп Хаус ПОТКАСТ со Тамара РИСТОВСКА, беа на снимање на денешните гости Дритон Вејсели(Таљат од Преспав) и Ана Стојановска (“Кајмак” и др.), актери но, овојпат како дел од емисијата “Радиус”.🎤🎬📹
🪄Учевме на лице место, а по снимањето, фото сесија со тројцата актери, и секако зачинето со песна од златното грло на Нела М.
Благодарност до
https://www.facebook.com/EuropeHouseSkopje
Tamara Ristoska, логистичката поддршката од мама Мими❤️




НОВА АКТИВНОСТ НА “СТУДИО НА НОВИНАРСКИ ЅВЕЗДИ”
На 4.12 на средба на членовите на Новинарскиот клуб “Студио на Новинарските ѕвезди” им гостуваше Тамара РИСТОВСКА, актерка и ПОТКАСТ водител. Таа ја водеше работилницата “ПОТКАСТ, што е ПОТКАСТ, како се прави, зошто ПОТКАСТ интервју!” во која ги запозна, упати и им даде основни технички информации и насоки за реализирање на истите на членовите на клубот.На работилницата се импровизираше ПОТКАСТ интервју, а гостинката помогна во концепцијата и формирањето на прашањата и целиот сет на поткастот. Следете ја следната активност на Новинарскиот клуб”Студио на новинарски ѕвезди”!


