Category Archives: Активности

Нашите ученици на регионален натпревар по математика

 На  ден 31.03.2018 г. Беше реализиран регионален натпревар по математика на кој учество земаа учениците од  IV–IX  одделение.

Целта  на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа :

Постигнати резултати :

 IV одделение:

Мартин Ацевски      III  награда

VIIа одделение:

Ива Мојтиќ        I    награда

VII б одделение:

Ивона Зикова               I  награда

Стефанија Јовческа    II  награда

 Ивана Димиртова      II  награда

  VIIIа одделение:

  Теодора Пандова         II  награда

IX а одделение:

Ема Мишевска     III  награда

                                      

 

Еко маскембал

Под менторство на наставниците Ана Видоевска – Динева, Јасмина Маџаревска, Лилјана Ружиновска и Анита Петровска учениците од ООУ„Вера Циривири – Трена“ земаа учество на „ЕКО МАСКЕНБАЛ“ организиран од страна на Општина Карпош кој се одржа во ООУ „Јан Амос Коменски“.

На маскенбалот  беа доделени вкупно 5 награди. Од нив ученикот Андон Ангелов од IIIб одделение освои 3 награда за маската „ЕКО ЦВЕТ“.IMG-c24d6b80b565a2611ad5ad85c6dba3bf-VIMG-5fb23376be3e652a65415a5add5df22d-V IMG-2e8f14a63c1e6c78ebb75228ca92674b-V IMG-619073aa986aa985e8881e5564422fa8-V

Да ги заштитиме децата во сообраќајот

Во соработка со одделот за превенција при СВР – Скопје, во нашето училиште се одржа предавање за сообраќајно воспитание од страна на самостоен инспектор Драган Велјановски на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

На предавањето беа присутни учениците од второ и четврто одделение, на кои им се појасни за правилата во сообраќајот, начинот на однесување и учество на децата во сообраќајот, сообраќајните знаци и за различни ситуации од секојдневното учество во сообраќајот.viber image viber image3 viber image4jpg viber image4jpg

Духот на неолитот во Тумба Маџари

Програма ВИДОВ, СЛУШНАВ, НАУЧИВ

 

Духот на неолитот во Тумба Маџари

 

Нашето училиште во соработка со Креативниот центар Карпош – Центар за културно наследство, реализираше посета од училишната програма „Видов, слушнав научив“ која има за цел не само учениците да добијат информација за нашето минато, туку пред сѐ и да ги вклучат сите сетила во стекнување на целокупно опипливо знаење (оттаму насловот Видов, слушнав, научив).

Затоа петокот 13-ти за нас не беше баксузен, напротив, ние, главните актери на оваа археолошка авантура, предводени од наставниците Лилјана Ружиновска, Танка Спасовска и Наташа Јовковска, го искористивме топлиот сончев ден и вооружени со љубопитство тргнавме правец –неолитската населба Тумба Маџари.

Што видовме таму?

Не пречекаа кустосите од Археолошки музеј предводени од Елена Канзурова, тие ни ја отворија портата на еден сосема различен скриен свет, светот на нашите неолитски предци.

Секоја фотографија од овој ден делумно ја доловува убавината што ја доживеавме таму…но ова е само почеток, планираме да оствариме работилници инспирирани од тој необичен неолитски свет кој го осетивме таму, затоа останете поврзани со нас! Следете не!

123124 4213421 242354353

Да живее уметноста, да живее мултикултурализмот!

1 2 4

МИО (Меѓуетничка интеграција во образованието) како предизвик и надвор од Македонија

 

После одредена пауза ООУ „Вера Циривири – Трена“ го освежи долгогодишното пријателство со ОУ „Петефи Шандор“ од Нови Сад, притоа искористувајќи ја ентузијастички поканата за учество на нашето училиште на ликовната колонија „ Дедал и Икар“. На оваа културна манифестација која ги собра ликовните уметници, ликовните педагози и талентираните ученици покрај учеството на нашето училиште (единствено од Македонија) учество земаа училишта од Хрватска, Словенија, Унгарија и се разбира Србија. На оваа колонија која се одржа од 20-ти до 22-ри октомври, клучно беше не само да се земе учество, но и воедно да се остварат нови познанства со училиштата од регионот, да се разменат искуства и идеи, да се живее идејата за мултикултурализам или МИО надвор од македонските граници. Покрај срдечното  и топло добредојде, да бидеме искрени беше воочено како училиштата од Македонија се често отсутни од било какви манифестации кои се случуваат во регионот, затоа нашето присуство таму беше повеќе од „само“ учество. Нови пријателства, евоцирање спомени со нашите збратимени колеги од „Петефи Шандор“, едноставно кажано беше остварено регионално вмрежување со размена на нови идеи и желби за заеднички работилници и проекти. Но сепак јаготката на шлагот не беше само извонредната организираност на работилницата за популаризација на графиката, туку и изработката на графиката на нашата талентирана ученичка Елена Попоска под менторство на наставникот Лилјана Ружиновска, на тема Ритам.

Успеси на нашите уметници

Учество на ликовниот конкурс на тема: „Планети и геометриски тела“, во организација на гимназијата „Алгоритам“. На 01.03.2018 год., беа доделени благодарници на менторот по ликовно образование и на 4 ученици:

1.Ивона Цветановска од 9а одд. – 60.000.00 ден.

2.Ива Ѓорѓиевска од 9б одд. -40.000.00 ден.

3.Марија Атанасовска Јаневска од 9б одд. -40.000.00 ден.

4.Елена Клинчарова од 8а одд. -40.000.00 ден.lili

Ден Вo МУЗЕЈ

Во сабота (17 март) учениците од нашето училиште остварија посета во Археолошкиот музеј, во рамки на училишниот проект „Видов, слушнав, научив“, каде на лице место не само што се утврди она што го учат, но истото знаење се продлабочи.dfhfgcj

Денот на пролетта и денот на екологијата

Денес во нашето училиште пригодно се обележи првиот ден на пролетта и Денот на екологија со садење на цвеќиња и садници во училишниот двор. Во разубавувањето на дворот учествуваа ученици од I – IX одделение со своите наставници. 

20180321_120805 20180321_101447 20180321_100857 20180321_100810

Учиме интегрирано математика и биологија

 Во знак на екологијата учениците од седмо одделintegr 2ение ги применија своите знаења од математика и биологија на тема Екосистеми.

IMG_8163 (1)IMG_8159IMG_8172 integr5IMG_8183

Голем одмор

На ден 16.03.2018 год. учениците од III – те и IV – те одд. гостуваа во образовната емисија 'Голем одмор" на МРТВ. Се претставија со драматизации, танцови и музички точки, квизови и креативни работилници.

29343223_2064645530231356_4681574688340574208_o 29356466_2064645416898034_4886564427882561536_o 29386242_2064645476898028_867925444987453440_o 29386761_2064645310231378_2669314602436657152_o 29386983_2064645560231353_4432791001232310272_o 29389194_2064645330231376_4571062766042873856_o 29425399_2064645356898040_3777691253164998656_o 29432880_2064645570231352_2498891425412808704_o