Category Archives: Активности

Проект „Наша мала библиотека“

Средба исполнета со емоции 📖😁🌞📚. Веселите лица на учениците од 3б одделение имаа средба со Урмас Реинма, автор на сликовницата “Каде го најде?”. Со големо воодушевување учениците го запознаа писателски живот на естонскиот автор, и неговата интересна приказна поврзана со неговата инспирација за пишување. Беа изработени разгледници кои ќе бидат изложени на Светскиот саем за детска литература во Болоња, Италија. Благодариме на Прозарт медиа за соработката и продолжуваме со нашето активно учество во проектот НМБ “Наша мала библиотека”

Регионален натпревар по Биологија

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 28 март 2025 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2024/25 година на регионално ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Според резултатот на учениците, 5 ученици се пласираа на државниот натпревар. Учениците го завршија регионалниот натпревар со следните успеси:

VII одделение

·       Тамара Несторовска – I награда (пласман на државен натпревар)

·       Антонија Лола Ефремова – II награда (пласман на државен натпревар)

·       Оливија Софеска – II награда (пласман на државен натпревар)

·       Дамјан Сиваков – III награда

·       Софија Мирковска – III награда

·       Лена Станчиќ – пофалница

·       Леона Јакимовска – пофалница

·       Анастасија Николова – пофалница

VIII одделение

·       Дариа Ева Вон Дер Форст – II награда (пласман на државен натпревар)

·       Александра Димитрова – II награда (пласман на државен натпревар)

·       Ангела Стојаноска – III награда

·       Меланија Симјаноска – III награда

·       Анастасиа Анѓелеска – пофалница

Учиме за Банка

На 20.03.2025г, во рамките на преметот Финансиска писменост беше реализирано едукатино предавање од страна на наш родител Гордана Симјаноска која на учениците од 6б одделение има ја објасни улогата на банката и какви услуги можат да добијат граѓаните . Исто учениците беа запознаени со поимите кредит , камата , депозит , видови уплатници .

Посета на Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска”

На 14.03.2025г. ученици од 7 и 8 одд беа во посета на Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска” во Скопје.Тие имаа можност да реализираат интересни експерименти за преработка на биоотпад и негова трансформација во биодизел,пектин и биопластика.Преку оваа работилница учениците стекнаа практични знаења за управување со органски отпад и остварување на одржлив развој.

Се запознаваме со професијата пчелар

На ден 13.03.2025г. учениците од 5/б одд имаа можност да се запознаат со професијата пчелар.Тие разговара со Љупчо и Анета кои одгледуваат пчели и произведуваат мед и други пчелини производи.Учениците добија одговори на своите прашања за важноста на пчелите за растенијата и човекот и нивната улога за животот на Земјата.

Извештај за успешно реализиран општински натпревар поПриродни науки

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 28 февруари 2025 година, под
менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева, како
и наставниците по Природни науки во 5 одделение Ленка Ѓоргоска и Валентина
Пешевска, како и наставничката по Природни науки во 4 одделение Алмедина
Адемовска земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за учебната
2024/25 година на општинско ниво. Натпреварот беше организирани онлајн при што
менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Сите
ученици се рангирани да продолжат на регионалните натпревари. Учениците го
завршија општинскиот натпревар со следните успеси:

Природни науки
VI одделение

  • Јана Ставревска – I награда
  • Јоана Кимовска – I награда
  • Матеј Маневски – II награда
  • Бора Аго – II награда
  • Дарјан Докузовски – II награда
  • Јоана Аврамовска – II награда
    V одделение
  • Нина Михајлоска – II награда
  • Виктор Ѓорѓиевски – II награда
  • Катерина Секулоска – II награда
  • Зои Голчева – II награда
  • Никола Точко – II награда
  • Стефан Ангелески – II награда
  • Анна Леони Вон Дер Форст – III награда
  • Борис Димовски – III награда
    IV одделение
  • Ана Марија Темова – II награда
  • Мартин Брашнарски – II награда
    Наставник – ментор
    Дивна Карапанчева

Општински натпревар по Биологија

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 14 февруари 2025 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2024/25 година на општинско ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Сите од учениците се рангирани да продолжат на регионалните натпревари. Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:

VII одделение

·       Тамара Несторовска – I награда

·       Дамјан Сиваков – II награда

·       Антонија Лола Ефремова – II награда

·       Оливија Софеска – II награда

·       Софија Мирковска – III награда

·       Анастасија Николова – III награда

·       Лена Станчиќ – III награда

·       Леона Јакимовска – пофалница

·       Калина Ѓорѓијевска – пофалница

VIII одделение

·       Ангела Стојаноска – I награда

·       Дариа Ева Вон Дер Форст – I награда

·       Александра Димитрова – II награда

·       Меланија Симјаноска – II награда

·       Анастасиа Анѓелеска – пофалница

Наставник ментор

Дивна Карапанчева

Одбележување на неделата на сајбер безбедност во училиштата

По повод неделата на сајбер безбедност во училиштата, ООУ Вера Циривири – Трена имаше прекрасна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ како партнер на проектот MKSafeNet, одржи интерактивна и едукативна презентација пред 43 ученици од 8 одделение во нашето училиште. Преку игри, дискусии и практични примери, заедно разговаравме за важноста на безбедноста на интернет, заштита на личните податоци и препознавањето на потенцијалните ризици. Учениците имаа инспиративни прашања и идеи за тоа како да останат безбедни онлајн. 

Проект “Наша мала библиотека”

Како дел од проектот “Наша мала библиотека” учениците од 2б одд ја обработија книгата “Господин Нудла и едрилицата”, активно учествуваа во обработка на книгата, извлекуваа поуки и на крајот нивната креативност се покажа на дело со изработката на едрилица од сунѓер и пластични цевки.

Одбележувањето на “Ден за побезбеден интернет”

На настанот по повод одбележувањето на “Ден за побезбеден интернет”, нашите ученици од осмо и деветто одделение земаа учество со свој видео запис во кој го искажуваа своето мислење на тема :Интернет безбедност. Споделија свои мислења како да се подобри безбедноста на интернетот и социјалните мрежи.
Честитки на нашите смели и самоуверени ученици. 💻👩‍💻📂🔐🌐.