Daily Archives: јуни 11, 2018

Креативниот центар Карпош ги собраа првите плодови од овогодишната реколта

На седми јуни и оваа година младите биолози, производители на храна во Центарот за храна кој се наоѓа во нашето училиште, ООУ „Вера Циривири – Трена“, а е дел од Креативниот центар Карпош ги собраа првите плодови од овогодишната реколта. Во соработка со компанијата „Евгени“ и Земјоделскиот институт, а под будното око на Лазе, Томе и наставничката Дивна произведени се првите краставици. Учениците кои беа вклучени во работата на Центарот за храна се насладуваа на вкусните, миризливи штотуку набрани краставички од градината, произведени без хемиски средства. Наредната недела се очекуваат првите тиквички, брокула, зелка и карфиол. За време на настанот, проф. д-р Зоран Т. Поповски на нашето училиште му подари збирка долгогодишно собирање материјали – Биолошко наследство на Македонија, кои ќе ни користат во воспитно – образовниот процес.

град град2 град3 град4 град5 град6 град7

Предизвик за млади истражувачи

Нашите ученици под лидерство на наставничката Дивна Карапанчева и менторство на наставничката Валентина Пешевска присуствуваа на прогласувањето на најуспешните училишта од “Предизвикот за млади истражувачи” организиран од Фонд за иновации и технолошки развој. Настанот се одржа на 9.6.2018 година во Владата на Република Македонија. Претсетаделот на Владата на Република Македонија заедно со министрите за образование и здравство и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој ни доделија вредносен ваучер за истражувачкиот проект “Стаклена градина” во вредност од 263.000 денари, потребни за изградба на стаклената градина.

viber image viber image1 viber image3 viber image5 viber image6 viber image8