Daily Archives: октомври 27, 2019

Посета на подвижна училница „Живот на социјалните медиуми“

Минатата недела, на 16.10.2019, учениците од деветите одделенија од нашето училиште заедно со наставниците Маја Кузманоска и Танка Спасовска, присуствуваа на подвижна училница насловена „Живот на социјалните медиуми“. Работилницата е резултат на меѓународна соработка на македонската и италијанската полиција со посредство на меѓународниот детски и младински филмски фестивал Џифони. 

Пред почетокот на предавањето, воведна реч имаше г-ѓа Катерина Стојкова, Инспектор од Оддел за превенција во СВР Скопје. На училницта експертите од италијанската полиција  ги оркрија тајните за безбедно користење на интернетот:

  • домашно банкарство и пазарење преку интернет,
  • кражба на идентитет и безбедно користење на социјалните мрежи,
  • безбедност на малолетните корисници и превенција на злоупотреби насочени кон деца.maja1 maja2 maja3