Daily Archives: јануари 7, 2021

Хуманитарна акција – „Да му помогнеме на семејството Николови повторно да го изгради својот дом“

Почитувани,  

Утрото на 1 јануари 2021 година, во пожар кој изби на ул. Ругер Бошковиќ во Скопје, целосно е уништен семејниот дом на семејството Николови.

Поттикнати од трагедијата која ненадејно и за миг им одзема сé што поседуваа членовите на семејството, ние, нивните соседи,  Советот на родители, вработените во ООУ "Вера Циривири Трена", сите како дел од Општина Карпош,  се организиравме преку хуманитарна акција за да помогнеме во реконструкција на нивниот семеен дом.

По тој повод отворивме хуманитарна сметка, каде што преку донација можеме финансиски да им помогнеме. Секој доброволен прилог, без разлика на висината на средствата е значаен за нив.

Да ја покажеме нашата хуманост и сите заедно да му помогнеме на семејството Николови повторно да го изгради својот дом.


Однапред, Ви благодариме за донацијата!

УНИ Банка
Број на сметка:
240057114585549
Носител на сметка: Рената Николова

https://www.facebook.com/295212381705/posts/10157274908206706/