Daily Archives: декември 1, 2023

Посета на Саемот на креативни индустрии организиран од страна на Балкан Синема Ситис

На 28 ноември, група ученици од нашето училиште го посети Саемот на креативни индустрии организиран од страна на Балкан Синема Ситис. Со голем интерес и уживање беа проследени работилниците за цртање на стрип, за изработка на терариуми како и работилницата “Биди мал научник’’. Учениците беа анимирани од самите изложу вачи преку презентации и интересни активности.

сл1сл4 сл3 сл2 сл1

Награди по повод празникот Св.Климент Охридски

По повод празникот Св.Климент Охридски кој се празнува на 8-ми Декември, Библиотеката "Браќа Миладиновци", објект Другарче, објави литературен конкурс со тема: " Иднината од моите соништа". Како и секоја година така и оваа, учество земаа и ученици од нашето училиште и се закитија со награди.
Прво место(поезија) Марта Караева, 8-б, две втори места за ученичките Ангела Стојаноска од 7-б, и Миа Ромева 8-б исто за поезија, под менторство на проф.м-р Матилда Бајкова, и три трети места (поезија), Леонтина Илиќ 9-а, Илина Милановска 9-а, и Донка Китанова 6-б, ментор Ана Кралевска.
Традиционално на овој настан настапија членовите на Драмската секција "Глумци од утре" од ООУ Вера Циривири -Трена, со различни точки, едночинката "Озборувачки", текст на Татјана Гогова, и ритмичка точка -Винтиџ денс, како и соло музички настап на Нела Манчевска со песна од Александра Јанева"Еве ме пак". Драмската секција е под водство на проф.м-р Матилда Бајкова.
Честитки до сите ученици од нашето училиште и менторите.