Daily Archives: декември 26, 2023

Работилница Стаклена градина

На 23 декември домаќин на работилница беше токму нашата Стаклена градина со ученици од повеќе училишта од општина Карпош. Организирана од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева, заедно со КЦК и учениците од биолошката секција на нашето училиште, учениците имаа можност да научат повеќе за историјата на стаклените градини, да се запознаат со најпознатите стаклени градини како и да ја слушнат приказната за нашата стаклена градина. Учениците имаа можност да се дел од различни активности како правење мини стаклени градини од рециклиран материјал и правење на терариум, додека паралелно во предновогодишна атмосфера учениците беа дел од активностите на правење новогодишни украси од природни материјали и лампиони ирваси од шишарки, како и новогодишни икебани и садење на божиќна пченица. Со оваа работилница ја затворивме сезоната 2023та на учење преку пракса во нашата стаклена градина, и најавуваме уште повеќе разновидни работилници во новата 2024 година.

Новинарскиот клуб со нови средби

На 20.12 на средба со членовите на Новинарскиот клуб “Студио на Новинарските ѕвезди” овојпат гостуваше Сребра Ѓорѓиевска, долгогодишен новинар и еден од креаторите на порталот УМНО.мк. Таа ја водеше работилницата “Портали”! Со членовите од нашиот клуб зборуваше, за тоа што претставува е порталот, за новинарската професија во 21- век, како се прави, и уште многу прашања кои љубопитните новинарчиња од клубот структурирано и ги поставуваа.Нашата гостинка ги запозна, упати и им даде основни технички информации и насоки за поимите, техниките и некои од Новинарските тајни. Работилницата имаше и интерактивен карактер каде младите новинари учеа како да состават вест и осврт. Со оваа активност, која е последна од оваа календарска година, ви посакуваме, поубави вести во Новата 2024, убави празнични денови. А, ние ви се јавуваме веќе во Јануари со нови и интересни содржини. Следете ја следната активност на Новинарскиот клуб”Студио на новинарски ѕвезди”!