Daily Archives: февруари 21, 2024

Насилството треба да престане веднаш

Уште еден придонес во градењето на позитивна слика за себе, преку интерактивни работилници реализирани од Деспина Стојановска – психолог и психотерапевт, Јана Момировска- представник од Макпетрол. Учениците од ООУ”Вера Циривири-Трена” Скопје ( од6-9 одделение) ги проширија своите вредности, одговорности и ставови дека” Насилството треба да престане веднаш”! Секое негово продолжување носи трајни последици.

Со поддршка на Макпетрол и ние го кренавме гласот против врсничкото насилство.

Општински натпревар по Биологија

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 16 февруари 2024 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2023/24 година на општинско ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Од учениците, 17 ученика се рангирани да продолжат на регионалните натпревари. Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:

VII одделение

·        Александра Димитрова – I награда

·        Елена Спировска – II награда

·        Анастасија Анѓелеска – III награда

·        Матеј Сиваков – III награда

·        Ангела Стојаноска – III награда

·        Дариа Вон Дер Форст – Пофалница

·        Исидора Димитријевиќ – Учество

IX одделение

·        Андреј Гацоски – I награда

·        Ема Маневска – I награда

·        Марија Мирческа – II награда

·        Андреа Паскалова – II награда

·        Илина Милановска – II награда

·        Дамјан Анчески – II награда

·        Инес Ангелов – III награда

·        Хелена Петровска – III награда

·        Јана Ѓорѓијевска – III награда

·        Леонтина Илиќ – Пофалница

·        Сара Ставреска – Пофалница