Monthly Archives: декември 2023

Ја испраќаме старата година

Ја испративме старата година со весели лица, песна, глума и игра која побуди насмевки и восхит кај секој од нас. Разиграните срца ни ветија нова позитивна енергија , љубов, среќа и поголеми успеси во Новата 2024.

Среќна Нова година!

Работилница Стаклена градина

На 23 декември домаќин на работилница беше токму нашата Стаклена градина со ученици од повеќе училишта од општина Карпош. Организирана од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева, заедно со КЦК и учениците од биолошката секција на нашето училиште, учениците имаа можност да научат повеќе за историјата на стаклените градини, да се запознаат со најпознатите стаклени градини како и да ја слушнат приказната за нашата стаклена градина. Учениците имаа можност да се дел од различни активности како правење мини стаклени градини од рециклиран материјал и правење на терариум, додека паралелно во предновогодишна атмосфера учениците беа дел од активностите на правење новогодишни украси од природни материјали и лампиони ирваси од шишарки, како и новогодишни икебани и садење на божиќна пченица. Со оваа работилница ја затворивме сезоната 2023та на учење преку пракса во нашата стаклена градина, и најавуваме уште повеќе разновидни работилници во новата 2024 година.

Новинарскиот клуб со нови средби

На 20.12 на средба со членовите на Новинарскиот клуб “Студио на Новинарските ѕвезди” овојпат гостуваше Сребра Ѓорѓиевска, долгогодишен новинар и еден од креаторите на порталот УМНО.мк. Таа ја водеше работилницата “Портали”! Со членовите од нашиот клуб зборуваше, за тоа што претставува е порталот, за новинарската професија во 21- век, како се прави, и уште многу прашања кои љубопитните новинарчиња од клубот структурирано и ги поставуваа.Нашата гостинка ги запозна, упати и им даде основни технички информации и насоки за поимите, техниките и некои од Новинарските тајни. Работилницата имаше и интерактивен карактер каде младите новинари учеа како да состават вест и осврт. Со оваа активност, која е последна од оваа календарска година, ви посакуваме, поубави вести во Новата 2024, убави празнични денови. А, ние ви се јавуваме веќе во Јануари со нови и интересни содржини. Следете ја следната активност на Новинарскиот клуб”Студио на новинарски ѕвезди”!

Соработка со родителите продолжи

Одличната соработка со родителите продолжи и годинава. Во текот на овие три месеци реализирани се повеќе работилници за драмско читање во сорабатка со Маја Љутков – актер. Преку овие работилници децата се запознаа со делата на Шекспир и ги следеа со голем интерес. Соработката продолжува и во наредниот период на големо задоволство на учениците.

Уште една успешна активност на Новинарскиот клуб

Членови од Новинарскиот клуб “Студио на новинарски ѕвезди” денеска на вистински поткаст!
Да видиш насмевка на лицата на дечињата, е благослов кој ретко кој го доживува, имам голема среќа,✨🪄денеска денот беше токму таков, среќен, насмеан,весел,едукативен, распеан,сончев.Полн со насмевки и спомени кои ќе останат!🌻🌟🌞
Дел од членовите на Новинарскиот клуб на покана од Јуроп Хаус ПОТКАСТ со Тамара РИСТОВСКА, беа на снимање на денешните гости Дритон Вејсели(Таљат од Преспав) и Ана Стојановска (“Кајмак” и др.), актери но, овојпат како дел од емисијата “Радиус”.🎤🎬📹

🪄Учевме на лице место, а по снимањето, фото сесија со тројцата актери, и секако зачинето со песна од златното грло на Нела М.
Благодарност до
https://www.facebook.com/EuropeHouseSkopje
Tamara Ristoska, логистичката поддршката од мама Мими❤️

НОВА АКТИВНОСТ НА “СТУДИО НА НОВИНАРСКИ ЅВЕЗДИ”

На 4.12 на средба на членовите на Новинарскиот клуб “Студио на Новинарските ѕвезди” им гостуваше Тамара РИСТОВСКА, актерка и ПОТКАСТ водител. Таа ја водеше работилницата “ПОТКАСТ, што е ПОТКАСТ, како се прави, зошто ПОТКАСТ интервју!” во која ги запозна, упати и им даде основни технички информации и насоки за реализирање на истите на членовите на клубот.На работилницата се импровизираше ПОТКАСТ интервју, а гостинката помогна во концепцијата и формирањето на прашањата и целиот сет на поткастот. Следете ја следната активност на Новинарскиот клуб”Студио на новинарски ѕвезди”!

Продолжуваме со работилниците од родител за родител

Продолжуваме со работилниците од родител за родител. На 22 ноември родителката Соња Китановска- Кимовска сподели искуства, техники и препораки на тема: Пробиј ја шифрата – што се крие зад однесувањето на детето и како да се справам? Пријатната атмосфера и комуникација придонесе кон поддржување на родителите при решавање конкретни предизвици во родителството. Со нетрпение се очекува следната средба.

“Заедно во акција за селектирање ,реупотреба, рециклирање,и компостирање”

На ден 06.12.2023 во организација на Центар за ресурси во животната средина се спроведе работилница за четвртоодделенците на тема: “Заедно во акција за селектирање ,реупотреба, рециклирање,и компостирање”. Учениците се запознаа со правилните начини на селектирање и рециклирање на отпад.

Карпош е првата скопска општина во чии рамки функционира Центарот за поддршка на децата со попреченост и нивните родители

Висока делегација на Светска банка предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, минатата седмица го посетија „Центарот за поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“. Работните простории на оваа установа се наоѓаат во состав на ООУ „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош.

Во рамките на оваа посета беше одржан состанок на кој присуствуваа градоначалникот Стевчо Јакимовски, преставници на Македонското Монтесори здружение кое е лиценциран давател на услугата, родители на деца кои ја користат услугата, како и студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација, кои го користат Центарот „МоПи“, како научна база за реализација на дел од практичната настава. Во оваа пригода, градоначалникот Јакимовски го истакна своето задоволство што Карпош е единствена општина на територијата на градот Скопје, која обезбедува ваков вид на поддршка за децата со попреченост и нивните семејства. Локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на услугите насочени кон оваа ранлива категорија на граѓани, со што се согласија и родителите кои беа присутни на средбата.

Преставниците од Светска банка ја поздравија оваа иницијатива, која се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги. Имено, овој Проект го спроведува МТСП во чии рамки беше формиран и „Центарот за поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“, кој обезбедува индивидуално дизајнирани услуги, според потребите на секое дете а воедно го подобрува и квалитетот на живот на нивните семејства. Оттука, потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, ја посочи оваа установа како успешен регионален модел кој треба да послужи како пример за поттикнување и на другите општини, да обезбедат сеопфатна услуга за децата од оваа категорија и за нивните семејства.sl1

Работилница за ЕКО училница под мото”Дружба без граници”

На 04.12.2023 се реализира втората работилница за ЕКО училница под мото”Дружба без граници”. Преку активностите се продлабочи соработката со партнер ООУ”Братство” согласно стратегијата за мултиетничка интеграција во образованието. Во новосоздадената училница се реализира првиот час кој опфати презентација на слоевите и видови почви, дискусија за напредокот на засадените билки и изработка на проекти од страна на учениците. Активностите поминаа во пријатна атмосфера која на крајот беше збогатена со роденденска прослава.

с6 с5 с4 с3 с2 с1