Monthly Archives: март 2025
Учиме за Банка
На 20.03.2025г, во рамките на преметот Финансиска писменост беше реализирано едукатино предавање од страна на наш родител Гордана Симјаноска која на учениците од 6б одделение има ја објасни улогата на банката и какви услуги можат да добијат граѓаните . Исто учениците беа запознаени со поимите кредит , камата , депозит , видови уплатници .



Посета на Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска”
На 14.03.2025г. ученици од 7 и 8 одд беа во посета на Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска” во Скопје.Тие имаа можност да реализираат интересни експерименти за преработка на биоотпад и негова трансформација во биодизел,пектин и биопластика.Преку оваа работилница учениците стекнаа практични знаења за управување со органски отпад и остварување на одржлив развој.




Се запознаваме со професијата пчелар
На ден 13.03.2025г. учениците од 5/б одд имаа можност да се запознаат со професијата пчелар.Тие разговара со Љупчо и Анета кои одгледуваат пчели и произведуваат мед и други пчелини производи.Учениците добија одговори на своите прашања за важноста на пчелите за растенијата и човекот и нивната улога за животот на Земјата.




Извештај за успешно реализиран општински натпревар поПриродни науки
Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 28 февруари 2025 година, под
менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева, како
и наставниците по Природни науки во 5 одделение Ленка Ѓоргоска и Валентина
Пешевска, како и наставничката по Природни науки во 4 одделение Алмедина
Адемовска земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за учебната
2024/25 година на општинско ниво. Натпреварот беше организирани онлајн при што
менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Сите
ученици се рангирани да продолжат на регионалните натпревари. Учениците го
завршија општинскиот натпревар со следните успеси:
Природни науки
VI одделение
- Јана Ставревска – I награда
- Јоана Кимовска – I награда
- Матеј Маневски – II награда
- Бора Аго – II награда
- Дарјан Докузовски – II награда
- Јоана Аврамовска – II награда
V одделение - Нина Михајлоска – II награда
- Виктор Ѓорѓиевски – II награда
- Катерина Секулоска – II награда
- Зои Голчева – II награда
- Никола Точко – II награда
- Стефан Ангелески – II награда
- Анна Леони Вон Дер Форст – III награда
- Борис Димовски – III награда
IV одделение - Ана Марија Темова – II награда
- Мартин Брашнарски – II награда
Наставник – ментор
Дивна Карапанчева