Daily Archives: март 18, 2025
Посета на Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска”
На 14.03.2025г. ученици од 7 и 8 одд беа во посета на Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска” во Скопје.Тие имаа можност да реализираат интересни експерименти за преработка на биоотпад и негова трансформација во биодизел,пектин и биопластика.Преку оваа работилница учениците стекнаа практични знаења за управување со органски отпад и остварување на одржлив развој.




Се запознаваме со професијата пчелар
На ден 13.03.2025г. учениците од 5/б одд имаа можност да се запознаат со професијата пчелар.Тие разговара со Љупчо и Анета кои одгледуваат пчели и произведуваат мед и други пчелини производи.Учениците добија одговори на своите прашања за важноста на пчелите за растенијата и човекот и нивната улога за животот на Земјата.



