Monthly Archives: април 2025

Светскиот ден на франкофонијата

По повод Светскиот ден на франкофонијата, во организација на Бел Идеал од Франција 🇫🇷,наши ученици од петто, шесто и седмо одделение достоинствено го претставија училиштето со рецитирање и пеење песни на француски јазик.

Регионален натпревар по Природни науки

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 4 април 2025 година, под
менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева, како и наставниците по Природни науки во 5 одделение Ленка Ѓоргоска и Валентина
Пешевска, како и наставничката по Природни науки во 4 одделение Алмедина
Адемовска земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за учебната 2024/25 година на регионално ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Според резултатот на учениците, 7 ученици се пласираа на државниот натпревар. Учениците го завршија регионалниот натпревар со следните успеси:

VI одделение
–        Дарјан Докузовски – I награда (пласман на државен натпревар)
–        Бора Аго – II награда (пласман на државен натпревар)
–        Јоана Аврамовска – II награда (пласман на државен натпревар)
–        Јана Ставревска – II награда (пласман на државен натпревар)
–        Матеј Маневски – III награда
–        Јоана Кимовска – III награда

V одделение
–        Нина Михајлоска – I награда (пласман на државен натпревар)
–        Виктор Ѓорѓиевски – III награда
–        Катерина Секулоска – III награда
–        Зои Голчева – III награда
–        Анна Леони Вон Дер Форст – III награда
–        Борис Димовски – III награда
–        Стефан Ангелески – III награда
–        Никола Точко – Пофалница

IV одделение
–        Мартин Брашнарски – I награда (пласман на државен натпревар)
–        Ана Марија Темова – II награда (пласман на државен натпревар)

Проект “Промоција на безбедна училишна средина”

ЗАПОЧНУВАМЕ СО НОВ ПРОЕКТ ,,ПРОМОЦИЈА НА УЧИЛИШНА БЕЗБЕДНА СРЕДИНА” 🚸🥳🤠

Во месец октомври нашето училиште аплицираше за учество во проектот ,,Промоција на училишна безбедна средина”, и на наше големо задоволство апликацијата беше прифатена. Следуваат активности во наредните две години со вклученост на учениците, родителите, наставниците и стручните соработници. Работилници, дискусии и обуки чија цел е одржување на безбедна и партиципативна училишна средина. Проектот го спроведуваат Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со МЦГО, Првата Детска Амбасада во Светот ,,Меѓаши” и СмартАП – Лабараторија за социјални иновации.

Споделуваме со Вас дел од започнатите активности.

Проект “Промоција на безбедна училишна средина”

Наши ученици од 6, 7 и 8 одделение беа учесници на работилница на тема ,,Заедно креираме за побезбедна училишна средина ” каде преку метод на дизајнерско размислување споделија мислења и научија како да пристапат кон активности на тема решавање на предизвици од секојдневниот живот поврзани со превенцијата од насилство врз децата, eднакви можности за сите ученици и правата на децата.

Активностите се спроведени од страна на СмартАп- Лабораторија за Социјални Иновации, во партнерство со Coalition of youth organizations SEGA, МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC и Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi со поддршка од Kinderdorf Pestalozzi.

Проект”Промоција на безбедна училишна средина”

Наши ученици со наставникот-ментор Дивна Карапанчева, на интеркултурна размена во посета на детското село Песталоци, Торген, Швајцарија.

Од 12-25.03.2025, учениците учествуваа во различни работилници, дискутираа на различни теми, се запознаа со ученици од други земји, се дружеа и разговараа за предизвиците во образованието и како да се подобри пристапот и начинот на учење.

Учениците превземаа одгоровности поврзани со домување во кои покажаа голема посветеност и ентузијазам.

Учениците со големи насмевки споделија многу позивитни емоции. 🎖️🎊🎯

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Coalition of youth organizations SEGA во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, First Children’s Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia и SmartUp – Social Innovation Lab и со поддршка од Kinderdorf Pestalozzi

Проетк „ Наша мала библиотека „

Утрово Буба од нашите мисли изненадно влета во нашата училница и не запозна со својата авторка и илустраторка Андреја Пеклар. Возбудено ја пречекавме и откако ни раскажа за Буба од идеја до реализација ние и ги раскажавме нашите патешествија со Буба. Беше тоа една возбудлива средба со учениците од 2а одд за која долго ќе раскажуваме. 🦋

Проект „Наша мала библиотека”

На денешната средба со Авторката на книгата Господин кнедла и едрилицата, Ана Оњихимовска ние учениците од IIа одд пловевме со нашите изработки и раскажувавме за чистотата во нашата животна средина. Благодариме на Прозарт медиа за соработката и продолжуваме со нашето активно учество во проектот НМБ “Наша мала библиотека”

Проект „Нашата мала библиотека“

На наше големо задоволство во нашата училишната библиотека се организираше изложба на разгледници илустрирани од ученици од повеќе училишта. Дел од разгледниците ќе бидат испратени на Саемот на книгата во Болоња.Проект „Нашата мала библиотека“ НМБ, во соработка со Прозарт Медиа.

Проект „Наша мала библиотека“

Средба исполнета со емоции 📖😁🌞📚. Веселите лица на учениците од 3б одделение имаа средба со Урмас Реинма, автор на сликовницата “Каде го најде?”. Со големо воодушевување учениците го запознаа писателски живот на естонскиот автор, и неговата интересна приказна поврзана со неговата инспирација за пишување. Беа изработени разгледници кои ќе бидат изложени на Светскиот саем за детска литература во Болоња, Италија. Благодариме на Прозарт медиа за соработката и продолжуваме со нашето активно учество во проектот НМБ “Наша мала библиотека”

Регионален натпревар по Биологија

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 28 март 2025 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2024/25 година на регионално ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Според резултатот на учениците, 5 ученици се пласираа на државниот натпревар. Учениците го завршија регионалниот натпревар со следните успеси:

VII одделение

·       Тамара Несторовска – I награда (пласман на државен натпревар)

·       Антонија Лола Ефремова – II награда (пласман на државен натпревар)

·       Оливија Софеска – II награда (пласман на државен натпревар)

·       Дамјан Сиваков – III награда

·       Софија Мирковска – III награда

·       Лена Станчиќ – пофалница

·       Леона Јакимовска – пофалница

·       Анастасија Николова – пофалница

VIII одделение

·       Дариа Ева Вон Дер Форст – II награда (пласман на државен натпревар)

·       Александра Димитрова – II награда (пласман на државен натпревар)

·       Ангела Стојаноска – III награда

·       Меланија Симјаноска – III награда

·       Анастасиа Анѓелеска – пофалница