Monthly Archives: февруари 2025

Општински натпревар по Биологија

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 14 февруари 2025 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2024/25 година на општинско ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Сите од учениците се рангирани да продолжат на регионалните натпревари. Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:

VII одделение

·       Тамара Несторовска – I награда

·       Дамјан Сиваков – II награда

·       Антонија Лола Ефремова – II награда

·       Оливија Софеска – II награда

·       Софија Мирковска – III награда

·       Анастасија Николова – III награда

·       Лена Станчиќ – III награда

·       Леона Јакимовска – пофалница

·       Калина Ѓорѓијевска – пофалница

VIII одделение

·       Ангела Стојаноска – I награда

·       Дариа Ева Вон Дер Форст – I награда

·       Александра Димитрова – II награда

·       Меланија Симјаноска – II награда

·       Анастасиа Анѓелеска – пофалница

Наставник ментор

Дивна Карапанчева

Одбележување на неделата на сајбер безбедност во училиштата

По повод неделата на сајбер безбедност во училиштата, ООУ Вера Циривири – Трена имаше прекрасна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ како партнер на проектот MKSafeNet, одржи интерактивна и едукативна презентација пред 43 ученици од 8 одделение во нашето училиште. Преку игри, дискусии и практични примери, заедно разговаравме за важноста на безбедноста на интернет, заштита на личните податоци и препознавањето на потенцијалните ризици. Учениците имаа инспиративни прашања и идеи за тоа како да останат безбедни онлајн. 

Проект “Наша мала библиотека”

Како дел од проектот “Наша мала библиотека” учениците од 2б одд ја обработија книгата “Господин Нудла и едрилицата”, активно учествуваа во обработка на книгата, извлекуваа поуки и на крајот нивната креативност се покажа на дело со изработката на едрилица од сунѓер и пластични цевки.

Одбележувањето на “Ден за побезбеден интернет”

На настанот по повод одбележувањето на “Ден за побезбеден интернет”, нашите ученици од осмо и деветто одделение земаа учество со свој видео запис во кој го искажуваа своето мислење на тема :Интернет безбедност. Споделија свои мислења како да се подобри безбедноста на интернетот и социјалните мрежи.
Честитки на нашите смели и самоуверени ученици. 💻👩‍💻📂🔐🌐.

Општински натпревар по математика