Голем успех на државниот натпревар по англиски јазик
Со гордост ве известуваме за извонредните резултати кои нашите ученици ги постигнаа и оваа учебна година!
Учениците од ООУ „Вера Циривири-Трена“, под менторство на наставничките по англиски јазик Кристина Николовска-Велковска и Александра Чочевска, и оваа учебна година земаа успешно учество на државниот натпревар по англиски јазик, кој се одржа на 09.05.2026 година.
Натпреварот беше во организација на ЕЛТАМ, а нашите вредни ученици го постигнаа следниот забележителен успех:
🥈 Калина Каланоска (6 одд.) – 87 поени – II награда
🥈 Александра Димитрова (9 одд.) – 87 поени – II награда
📜 Симон Стојановски (7 одд.) – 77 поени – Пофалница
Овие награди се уште еден доказ за посветеноста, трудот и знаењето кои се негуваат во нашето училиште.
Честитки до учениците и нивните ментори за достоинственото претставување!
Продолжуваме со нови успеси! 🇬🇧✨







Поврзани содржини