Конференција Образовни потешкотии 13 05 2026

Конференција – Образовни потешкотии

Учество на м-р Матилда Бајкова НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ СО СПЕЦИФИЧНИ ПОТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО: ОД ПРЕДИЗВИЦИ ДО СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА“ 🏫🎓

На 11.05.2026 год. се одржа конференција со наслов „Поддршка за ученици со специфични тешкотии во учењето: од предизвици до системски решенија“ во организација на Здружението „Ајнштајн“ од Скопје, во партнерство со други организации кои се занимаваат со иста проблематика од Р. Србија и Р. Бугарија. 🌍🤝

Настанот на кој учествуваше нашата наставничка м-р Матилда Бајкова, чија експертиза во училница е дислексијата како и раното читање кај децата, беше дел од ЕРАЗМУС+ проектот DysAcademy и имаше за цел да отвори значајна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат учениците со специфични тешкотии во учењето, како и можноста за креирање одржливи системски решенија. 📚💡

Во рамките на конференцијата м-р Матилда Бајкова зема активно учество во дискусијата и се осврна на реалната ситуација и на спорадичната поддршка која се сведува на ентузијазам на наставниот кадар, како и на предлог решенијата како практичар и имплементатор на инклузивна политика од 1998 год. 👩‍🏫🗣️

Заклучоците од конференцијата беа драгоцени за сите учесници и панелисти, кои мораат да бидат слушнати и нивните практики да бидат земени во предвид при кроење на образовните политики во иднина. 📝🌟📈

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе