м-р Матилда Бајкова учесник и презентер на VII ЕдуКонференција

Educonference 29 09 2025

м-р Матилда Бајкова учесник и презентер на VII ЕдуКонференција

м-р Матилда Бајкова учесник и презентер на Седмата Образовна конференција „Пријатели на образованието“ за ВИ во образованието

VII ЕдуКонференција за наставници и IT експерти во полето на ВИ во образованието се одржа во Струга од 27-28.09. 2025 год. темата на овогодинешната конференција беше Вештачката интелегенција во наставата и во образовниот систем.
Наставничката м-р Матилда Бајкова како долгогодишен поборник на процесот на доживотно учење, но и вљубеник во технологијата и новите алатки и овојпат сподели со своите колеги најнови алатки кои ја користат ВИ во наставата и во воннаставните активности. Таа е проф. по македонски јазик, која се занимава и со истражувачка дејност во полето на посебните образвни потреби и инклузијата во училницата и вешто ги користи алатките од последните технолошки достигнува за да допре до секој ученик.
„ВИ Калеидоскоп“беше работулница -Саем во рамките на оваа конференција на која 20-тина колеги од цела Македонија ги претставија своите изработки и трудови направени со помош на образовни алатки, платформи кои ја користат и ВИ. Таа се претстави и со игровната активност за која во август 2025 год. беше квалификувана како високо квалитетна игровна активност од страна на ДИГИТЕд направена со помош на ВИ, од сферата на јазикот а со цел за темата „Безбедност при користење на интернет“. Оваа активност а достапна во делот Отворени образовни ресурси на страницата ( Игровни активности за едукација за сајбер безбедност – Центар за иновации и дигитална едукација ) под името тајната мисија на Ангела:Тајната мисија на изгубените ракописи, наменета за ученици од предметна настава.
ВИ нема да ги замени наставниците ама ќе ги направи поподготвени за новото време кое доаѓа.