Светот на образованието ги брише границите
Од 8ми до 11ти ноември 2025 година во Бар, Црна Гора се одржа 9. Регионална наставничка конференција под мотото „Светот на образованието ги брише границите„ во организација на Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери на регионот – ANN&LR.
Оваа конференција е петтото по ред учество нз ANN&LR конференција од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева од нашето училиште. Таа беше дел од Саемот за образование каде што се претстави со индивидуален штанд „Креативците на В.Ц.Трена„ на кој беа претставени изработки и проекти изработувани од страна на нашите ученици, кои оставија голем впечаток со нивната уникатност и иновативност. Беше и член на тимот „МК Иноватори инспирираат„ кој ја доби наградата за најгреативен штанд во склоп на саемот.
На вториот ден од конференцијата, наставничката Дивна беше дел од организаторите на една од работилниците организирани за посетителите на конференцијата. Работилницата „ВИ во среќна училница може да биде само гостин“ им го задржа вниманието на присутните со темата „Јаболка кои го променија светот„, таа ги претстави четирите главни јаболка на знаењето – од Ева па сѐ до современата дигитизација.
Покрај посветени, креативни и иновативни успеси за време на конференцијата, со гордост споделуваме дека нашата наставничка Дивна се стекна со повеќе признанија меѓу кои и почесната титулата Амбасадор за 5 на Асоцијацијата како признание за нејзината долгогодишна несебична помош и поддршка. Асоцијацијата претставува заедница која ги поврзува наставниците од целиот регион во дух на вмрежување, соработка и размена на креативни идеи.
Со огромна чест и радост ѝ посакуваме уште многу успеси и учества на идни конференции!







Поврзани содржини