Нела Манческа од 9то одд. на Јуниорски Евросонг!
Нашата ученичка и соученичка Нела Манческа од 9то одделение гордо ја претстави својата земја на овогодинешниот Јуниорски Евросонг!
Иако се пласираше на 7мо место, за нас таа е победник!
Сите сплотено ја поддржавме пред и по настапот.
”Miracle” е моментот кога нејзиниот сон стана јаве, кога настана магија на сцената со нејзиниот ангелски глас!
Сите со восхит го следевме нејзиниот настап!
Во нашето училиште ООУ ,,Вера Циривири-Трена” ја пречакавме со стоечка овација и громогласен аплауз од сите вработени и ученици!
Сите заедно се радуваме на нејзиниот успех, бидејќи го чувствуваме како наш, заеднички!
Нела е нашето ЧУДО од дете, со нејзиниот музички талент на ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ не само што го освои нашето срце, туку и срцето на целиот свет!
Горди сме на тебе Нела!
Продолжи да сјаеш силно како ЅВЕЗДА, каква што веќе си, светска СУПЕРЅВЕЗДА!







Поврзани содржини