Transnational “Train-the-Trainers” – Париз, Франција
Во периодот од 2–6 Февруари 2026 година, во Париз, се реализираше транснационалната обука „Train-the-Trainers“, во рамки на Erasmus+ K2 проект, со партнери од Франција, Грција и Бугарија.
На обуката учествуваа:
👩🏫 Александра Петровска, наставник во ООУ „Александар Македонски“
👩🏫 Маја Чинго, наставник во ООУ „Вера Циривири Трена“
👩🎓 Јована Петровска, младински претставник од ЗЕОООП.
🇲🇰 Македонските претставници беа организирани од организацијата FACE, Фондација Агро – Центар за едукација.
Обуката, согласно агендата, беше насочена кон користење на урбани зелени простори како средина за учење, еколошка едукација, интерактивни активности, безбедност и инклузивност во outdoor образованието.
Стекнатите знаења ќе бидат дисеминирани во ООУ „Александар Македонски“, ООУ „Вера Циривири Трена“ и преку активностите на ЗЕОООП.
💚 Заедно за квалитетно образование и европска соработка!





Поврзани содржини