ЕдуЛаб 05 02 2026

Заедно креираме за побезбедна училишна средина

Со голема гордост споделуваме дека нашите ученици, во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, активно учествуваа во креирање и реализирање на низа значајни активности.

Како дел од иницијативата „Заедно креираме за побезбедна училишна средина“, учениците покажаа иницијативност, креативност и силна желба да придонесат кон побезбедно, поинклузивно и поддржувачко училиште за сите.

Нивниот труд, идеи и посветеност се препознаени и објавени на порталот ЕдуЛаб, како инспиративни примери за тоа како учениците низ државата преземаат активна улога и ги претвораат своите идеи во конкретни решенија.

Горди сме на вложениот труд, тимската работа и одличните активности што ги креираа нашите ученици – вистински доказ дека кога младите добиваат простор и поддршка, тие можат да направат вистинска промена!

Погледнете ги активностите на следните линкови:

👉Линк 1
👉Линк 2

ЕдуЛаб 05 02 2026 (1)

ЕдуЛаб 05 02 2026 (2)

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе