Едукативна посета на Даут-Пашин Амам
Еден поинаков ден со дел од учениците од VI, VII и VIII одделени од ОOУ „Вера Циривири Трена“ предводени од наставничките Даниела Стојчева по повод Денот на музеите одбележаа едукативна посета на Даут-Пашин Амам.
Преку едукативна игра учениците имаа можност да пронајдат зборови во ,,Лавиринтот на уметноста 3″ и со тоа да ги научат и ги збогатат своите знаења за културното наследство и бројните познати, значајни дела на големите македонски уметници. Каде заслужно го освоија 3то и 5то место во натпревар со повеќе ученици од различни училишта од Скопје.
Еден поинаков час исполнет со возбуда, разиграност, натпревар и прекрасна атмосфера ги однесоа учениците до едно ново ниво на сознание, љубопитност и љубов кон уметноста и културата. 📚🎨🖼️❤️







Поврзани содржини