Нашата соработка со Slow Food претставена во „Утринска на Телма“

Соработката на ООУ „Вера Циривири – Трена“ со Slow Food Македонија беше спомената во утринската програма на ТВ Телма на 29 септември 2026 година, во рамките на гостувањето на Василка Стефановска. Во разговорот беше истакнато и учеството на нашето училиште во заедничките активности.

Ова медиумско претставување е можност пошироката јавност да се запознае со нашите заложби за поврзување на образованието со природата, храната и одржливото живеење.

Соработката со Slow Food Македонија е потврдена со потпишан Меморандум и е поврзана со изборниот предмет „Едукација за одржлива иднина“ и планираното создавање училишна градина. Координатор на активностите од страна на училиштето е м-р Матилда Бајкова.

Училишната градина е замислена како простор за учење преку непосредно искуство — од запознавање со растенијата и потеклото на храната до развивање одговорност, трпеливост и тимска работа. Преку ваквите активности, учениците ќе имаат можност подобро да ја разберат поврзаноста меѓу секојдневните избори, локалната заедница и грижата за животната средина.

Благодарност до Василка Стефановска и Slow Food Македонија за соработката и за споделувањето на нашата заедничка образовна иницијатива, како и до ТВ Телма за просторот посветен на овие теми.

Видео од гостувањето
Делот во кој се зборува за нашето училиште започнува на 9 минути и 48 секунди.

Погледнете го гостувањето на Василка Стефановска од Slow Food Македонија во „Утринска на Телма“. Делот посветен на учеството кое ќе биде на 3.10.2026 год.и на  нашето училиште започнува од 9:48.

Извор: „Утринска на Телма“.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.