Првенец на генерација 2017-2026
Со особена чест и гордост ја споделуваме веста дека за првенец на генерацијата беше избрана нашата ученичка Aлександра Димитрова, која со својот труд, посветеност, одговорност и бројни успеси остави значаен белег во нашето училиште. Нејзината истрајност, знаење и активно учество во училишниот живот претставуваат вистински пример за сите ученици. 👏🎓
Воедно, сакаме да упатиме искрени пофалби и до останатите кандидати кои аплицираа за ова признание. Секој од нив се истакна со одлични резултати, таленти, успеси и активно учество во различни области. Вашиот труд, залагање и достигнувања се вредни за почит и претставуваат гордост за нашето училиште. 🌟
Им посакуваме многу успех, среќа и нови достигнувања на сите наши ученици во понатамошното образование и животен пат! 💙







Поврзани содржини