Дарјан Мирчевски освои бронзен медал на ЈБМО
🥉🇲🇰 Историски успех во Романија: Дарјан Мирчевски освои бронзен медал на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада!
Со огромна возбуда и бескрајна гордост ја споделуваме најновата вест од Бузау, Романија 🇷🇴! Нашиот математички генијалец Дарјан Мирчевски од IX-б одделение постигна епохален успех на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада (ЈБМО 2026), освојувајќи го престижниот бронзен медал! 🏆
На овој голем меѓународен натпревар, кој се одржуваше од 15 до 20 Јуни 2026 година, Дарјан покажа брилијантно знаење и се избори за највисок резултат, позиционирајќи се како прв и најуспешен од сите македонски претставници во олимпискиот тим!
🥇 Со ова, тој уште еднаш на дело докажа дека е број 1 во Македонија 🧠 и израсна во вистински предводник на својата генерација.
Дарјан беше најдостоинствениот претставник кој гордо го вееше македонското знаме 🇲🇰 на меѓународната сцена и максимално го избели образот на својата татковина и на своето училиште ООУ „Вера Циривири-Трена“.
Неговиот успех не е само гордост за нас, туку и вистински патоказ за тоа како со деноноќен труд, љубов кон науката и силен карактер се стигнува до европските и светските врвови.
Ние сме неизмерно горди на неговиот успех и од срце му посакуваме уште поголеми и позавидни успеси во неговото понатамошно образование.
Цврсто веруваме во неговиот потенцијал и знаеме дека ова е само почеток на една блескава кариера – сигурни сме дека еден ден Дарјан ќе биде светски славен и светски познат математичар! 🚀🎓
Честитки Дарјан! Ти си нашиот херој и гордост на Македонија! 🍀👏🎉







Поврзани содржини