Општински натпревар по Природни науки
Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 27 Февруари 2026 година, под менторство на наставниците по Природни науки од активот на IV одделение Кристина Несторовска и Мартин Стефановски, земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за IV одд. за учебната 2025/26 година на општинско ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:
IVа одделение
– Мила Георгиев – III награда
– Дарко Цветановски – III награда
– Лука Михајлоски – III награда
– Тамара Нушева – Учество
IVб одделение
– Алексеј Златев – II награда
– Дарија Ристеска – III награда
– Катја Робановска – III награда
– Петар Симоновски – III награда
Честитки на сите ученици за постигнатиот успех!







Поврзани содржини