Општински натпревар по Природни науки 27.02.2026, 06-03-2026 - слика 1

Општински натпревар по Природни науки 27.02.2026

Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена“ на 27 февруари 2026 година успешно учествуваа на општинскиот натпревар по Биологија за учебната 2025/26 година. Учениците беа под менторство на наставничката по Природни науки во VI одделение, наставник-ментор Дивна Карапанчева, како и наставничката по Природни науки во V одделение, наставник Ленка Ѓоргоска.

Натпреварот беше организиран онлајн, при што менторите беа задолжени за негово спроведување во училиштето. Со своето знаење, труд и посветеност, учениците достојно го претставија училиштето и постигнаа одлични резултати.

Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:

VI одделение

– Кристијан Новески – I награда

– Анна Леони Вон Дер Форст – II награда

– Нина Михајлоска – II награда

– Калина Каланоска – III награда

– Дениција Ристеска – III награда

– Стефан Анѓелески – Учество

V одделение

– Мартин Брашнарски – II награда

– Ана Марија Темова – II награда

– Александар Димитровски – III награда

Упатуваме искрени честитки до учениците за постигнатите резултати, како и до нивните ментори за вложениот труд, поддршка и посветеност. Им посакуваме уште многу идни успеси и нови достигнувања.
Vera Ciriviri Logo 200, 06-08-2025
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе