Општински натпревар по Природни науки 27.02.2026
Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена“ на 27 Февруари 2026 година успешно учествуваа на општинскиот натпревар по Биологија за учебната 2025/26 година. Учениците беа под менторство на наставничката по Природни науки во VI одделение, наставник-ментор Дивна Карапанчева, како и наставничката по Природни науки во V одделение, наставник Ленка Ѓоргоска.
Натпреварот беше организиран онлајн, при што менторите беа задолжени за негово спроведување во училиштето. Со своето знаење, труд и посветеност, учениците достојно го претставија училиштето и постигнаа одлични резултати.
Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:
VI одделение
– Кристијан Новески – I награда
– Анна Леони Вон Дер Форст – II награда
– Нина Михајлоска – II награда
– Калина Каланоска – III награда
– Дениција Ристеска – III награда
– Стефан Анѓелески – Учество
V одделение
– Мартин Брашнарски – II награда
– Ана Марија Темова – II награда
– Александар Димитровски – III награда







Поврзани содржини