Monthly Archives: октомври 2017

Посета на Државниот архив на Македонија

На 10.10.2017 година, учениците од 9-б одд. заедно со предметнот наставник по македонски јазик м-р Матилда Бајкова од нашето училиште го посетија Архивот на Македонија кој се наоѓа во близина на нашето училиште. Целта на посетата беше да се запознаат со процесот на чување, архивирање и користење на документите од важност на секој граѓанин, но и да ги видат документите кои се од важност за кодификацијата на македонскиот јазик односно документите кои во оригинална форма се чуваат во Архивот. Наставната содржина за кодификацијата на македонскиот јазик и првите написи пишувани со македонската азбука беа дел од нивната цел. Љубезноста на вработените во Архивот овозможи нашите ученици да поставуваат интересни  прашања, поврзани со активностите на архивот како и да ги видат депоата каде се чуваат документите. Часот по македонски јазик беше нагледен, интересен а сите се согласија дека ваквите часови се најубави!

архив DSC06125

Во нашето училиште уште една престижна награда и огромно признание.

Сојузот на просветни работници на Република Македонија по повод Светскиот ден на учителот на ден 5.10.2017 година (четврток), во Велес  го додели престижното признание на просветните работници на Р. Македонија за учебната 2016/2017 година. 

Оваа година ова престижно признание го доби нашата наставничка  

во категорија предметен професор во основно образование, професорката м-р Матилда Бајкова 

Инаугурацијата со пригодна програма од ученици од ООУ „Васил Главинов“-Велес  и истакнати  уметници се одржа во Ликовниот салон „Бели Мугри“ во Велес. 

Да ни се множат наградите у успесите. Оваа година е нашот јубилеј и ова е убав настан на почетокот на учебната година.

22368826_10155871623619602_562460444_o 22345265_10155871622199602_1198176514_o