Monthly Archives: ноември 2017

Успешно учество на настанот Ноември – месец на науката 2017 год.

    На 11.11.2017 и 18/19.11.2017 се одржа настанот Ноември – месец на науката организиран од страна на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија во соработка со Македонско биолошко друштво, Друштво на физичарите на Р.Македонија, Македонското географско друштво, Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво, Македонското еколошко друштво и Природно – математичкиот факултет. Тоа е манифестација за популаризација на природните науки која вклучува повеќе настану: научно – популарни предавања, натпревар во демонстрации и експерименти од ученици, работилници, посета на лаборатирии на ПМФ и други активности.

   Активното учество на овие настани, учениците од ООУ ”Вера Циривири – Трена”, општина Карпош, го докажаа со учествување и изработување на експерименти по предметите Биологија, Природни науки и Хемија. На настанот учествуваа ученици од V одделение до IX одделение.

          Под менторство на наставникот по Биологија и Природни науки – Дивна Карапанчева, учениците од VII одделение освоија две трети награди и учениците од IX одделение освоија две трети награди по предметот Биологија. На настанот учествуваа и учениците од V одделение и VI одделение по предметот Природни науки кои успешно учествуваа со претставување на своите експерименти.

   Под менторство на наставникот по Хемија – Валентина Пешевска, учениците од VIII одделение ги освоија втора и трета награда, а учениците од IX одделение освоија трета награда.

           Успешното учество, учениците и менторите го крунисаа со добиени сертификати, дипломи и награди.IMG-e3746f90d5134d6941dfa19cc35d8102-V IMG-e21a37a1a93014285e4a728863370dac-V IMG-e2e2edd78e6c1617fc53091d5af7e16f-V IMG-342d70ea60fcfa8fa89e96f588154549-V IMG-6f29f2627f7d16cc7ce2030f20fa53fd-V

 

Во посета на Владата на Република Македонија

На ден 21.11.2017 год. активот на V одделение,паралелката V а и V б со одделенските наставници Анита Петровска и Велимир Новески по предходно договарање и закажување со лице за протокол во Владата беше реализирана посета на Владата на Р.М.Учениците беа запознаети со ингеренциите на премиерот,министрите и нивните заменици,кои министерства се дел од Владата,што е тоа министер без ресор итн.За таа цел беа посетени салата за билатерални средби каде беше објаснет протоколот за дочек на претставници на Влади на други држави,потоа салата за прес каде се одржуваат конференции за печат и салата за одржување на седници на Владата.

 

slika 6 slika 1 slika 7 slika 5 slika 4 slika 3

 

Одбележување на светскиот ден на детето

Денес учениците од Vа одделение од ООУ,,Вера Циривири Трена,, го одбележаа светскиот ден на детето 20 Ноември.Учениците низ игра даваа препораки и сопствени идеи како да се подобри животот на сите деца во светот и препораки до сите деца да бидат хумани,да се помагаат,да бидат оптимисти,да се залагаат за остварување на своите права,еднаквост на сите деца.

veb6veb5veb4veb3veb2veb1